Надворешност.
Прогресивна. Маркантна. Зрела. Во 21. век Бубата стана понапредна и се презентира со самодоверба на патиштата. Нејзините пропорции се значително помажествени, порамни (12 mm) и пошироки (84 mm). Нејзината силуета со продолжениот капак од просторот на моторот, вдлабнатото покосо ветробранско стакло и рамниот покрив и овозможуваат досега непозната динамичност, слично како кај спортско купе. Додека кружните фарови и мекиот премин во покривот ја наведуваат класичната скулптура на Бубата, новата Volkswagen ДНК може јасно да се препознае по деталите на задните светла, отворите за вентилација под браникот или рамниот тек на долниот раб на капакот од просторот на моторот

