технички лексикон: TSI

TSI

фотографија на симболи

Единствена карактеристика на TSI техниката која Volkswagen ја нуди ексклузивно како единствен произведувач ширум светот, е комбинација на директно вбризгување на бензинот  FSI и двојното полнење. Двете компоненти на "Twincharger" (двоен полнач) - компресор и турбо-полнач на издувни гасови - совршено меѓусебно се надополнуваат во начинот на функционирање.

 

Од празниот од до бројот на вртежите од cca 2.400 min-1 компресор, со определено барање од страна на возачот за сила, работи со постојан погон.  Во подрачјето на бројот на вртежи од cca 2.400 до 3.500 min-1 компресорот се вклучува според потребите, на пр. при претекнување. Турбо-полначот на издувни гасови кој е вклучен во низата уште повеќе го засилува притисокот на полнење. Од 3500 min-1 само турбо-полначот се грижи за зголемен притисок на полнењето во цилиндарот. Секој степен исто така постојано се движи во оптималното подрачје за работа.

 

Почнувајќи од бројот на вртежите при празниот од "Twincharger" TSI-моторот развива целосен вртежен момент преку широкото подрачје на бројот на вртежи и добиената максимална сила  со изразено мала потрожувачка на горивото. Со новата TSI-техника, како е во случај кај TDI-моторот, Volkswagen на единствен начин ги спојува задоволството во возењето и економичноста.