технички лексикон: Tiptronic

Tiptronic

фотографија на симболи

За автоматските менувачи со Tiptronic со пет или шест степени на пренос вредат сите предности и технички специфичности (динамички програм за вклучување) на автоматски менувач.
Tiptronic во другата вклучувачка стаза (Tiptronic-стаза) овозможува зафат во автоматскиот погон. Степенот на пренос при тоа се распоредени еден после друг, како кај секвенцијален менувач за мотори или спортски автомобили. Тоа значи дека со притискање на вклучената полуга кон напред се вклучува повисок, а со повлекување кон назад во понизок степен.
Tiptronic ви нуди комфор на автоматиката како и задоволство во возењето и спортски карактеристики на рачен менувач. За сигурност, на пр. при претекнувањето се грижи автоматското вклучување на повисок степен веднаш штом ќе се достигне границата на бројот на вртежи. Спортски настроениот возач профитира со вклучување на понизок степен и кочење на моторот пред кривина или возење низ угорница.