Volkswagen има долгогодишно искуство во TDI-технологијата.
TDI во многу земји е регистрирана како марка на Volkswagen AG. Тој кај сите свои автомобили од концернот означува дизел автомобили со директно вбризгување на дизел и турбо-полнач. Карактеристиките на TDI-моторот се штедливост, мала емисија на гасови, влечна сила (вртежен момент) и многу добро искористена сила.
Начин на работа: Турбо-полначот на издувни гасови го снабдува моторот со свеж воздух и така се грижи за најдобро можно полнење на цилиндрите. Во нив после компресијата преку една вбризгувачка директно се вбризгува дизел горивото. Делотворната облога на моторот овозможува работа со малку бучава, а хидрауличните лежишта на моторот се грижат за мирно работење со малку вибрации.