технички лексикон: MP3

Со "MP3" се означуваат дигиталните компресирани аудио податоци. MP3-форматот е широко распространет стандард за компресија на дигиталните аудио датотеки. Со подеднаков квалитет на звукот MP3-датотеките заземаат отприлика само една десетина од местото за чување на еден аудио CD. "MP3" означува MPEG 1 Audio Layer 3. MPEG е постапка за компресија на дигиталните видео и аудио податоци која е развиена од страна на "Motion Picture Experts Group". За да можат MP3 податоците да се репродуцираат, потребен е специфичен уред, како што е на пр. аудио системот CD 3 од Volkswagen.