Електронскиот програм за стабилизација ги препознава критичните ситуации во возењето, на пр. опасноста од пролизгување, со што не дозволува излизгување на автомобилот. Како би можел електронскиот програм за стабилизација да реагира на критичните ситуации во возењето, системот мора постојано да добива информации. На пр.: каде возачот свртува и на каде возилото се движи. Одговор на првото прашање системот го добива од сензорот на управувачот и ABS-сензорите за бројот на вртежи на тркалата. Со овие две информации процесорот ја пресметува потребната насока на управување и потребното однесување на возилото. ПОнатамошни важни податоци се степенот на вртењето и страничното забрзување на возилото. Со помош на тиењ информации процесорот ја пресметува вистинската состојба на возилото. Електронскиот програмза стабилизација ја спречува нестабилноста на возилото при возењето низ кривини, која може да се создаде како поради неприлагодена брзина, непредвидливите промени на патот (влажност, мраз) или поради потребен маневар за избегнување. Притоа никаква улога не игра тоа дали нестабилноста се искажува преку управувањето, т.е. лизгање кон надворешниот раб на кривината (under-steer) или излизгување на задниот дел на возилото (over-steer). Пресметувачкиот процесор на електронскиот програм за стабилизација го препознава видот на нестабилноста на основа на информациите добиени од сензорите и врши корекција со зафат во системот за кочење и раководењето со моторот. Кај подуправувањето (under-steer) електронскиот програм за стабилизација го успорува задното тркало на внатрешниот раб на кривината. Истовремено ја намалува силата на моторот, се додека повторно не се стабилизира возилото. При преуправувањето (over-steer) системот ги активира предните кочници на надворешната страна на кривината и со зафат во раковдењето на моторот и менувачот. Се поголемото искуство и зголемено чуствителната зенорика овозможуваат постојан детален развој на товој сложен систем за регулација.