технички лексикон: Mенувач со двојна спојка DSG

Mенувач со двојна спојка DSG

фотографија на симболи

Најмладиот резултат на развојот на изработката на менувачот за Volkswagen претставува менувач со двојната спојка DSG. Целосно автоматски 6-степен менувач се одликува со промена на степенот на преносот без прекин на влечната сила. Со тоа тие промени се одвиваат посебно нежно и едвај приметно за патниците. Менувачот располага со две мокри спојки, кои преку две погонски вратила ги ослужуваат 1,3, 5 и рикверцот (спојка бр.1), а другата за 2, 4 и 6 (спојка бр.2). Кај постапката на промена на степенот на преносот следниот степен веќе однапред е одберен, но не е споен. Тогаш во рок од три до четири стотинки од секундата се отвора една спојка, додека другата се затвора. На тој начин постапката на промена се одвива неприметно за возачот и без никаков прекин на влечната сила.
Со интелигентната управувачка електроника во зависност од начинот на возење, во однос на 6-степениот рачен менувач може да се реализира заштеда на гориво до 10%.
Возачот со DSG може да се опслужува рачно или автоматски. Во автоматик-модот на располагање освен одмерениот комфорен построј стои и нагласено спортски програм. Рачното менување е можно или преку уклучените тастери на тркалото на управувачот или преку рачката на менувачот.