технички лексикон: Climatronic

Climatronic

фотографија на симболи

Climatronic ја регулира температурата во кабината на возилото според претходно избраната посакувана температура со автоматско приспособување на бројот на вртежите на вентилаторот и активирање на склопките за распределба на воздухот, така што при секакви работни и врменски услови се осигурува пријатна клима со струење на воздухот низ кабината на автомобилот со што помал провев. Електронското управување со Climatronic ги опфаќа сите поважни големини кое можат да влијаат или да сметаат, како што е на пр. положбата на Сонцето, сончевото зрачење и надворешната температура, со што донесува според потребата помалку или повеќе ладен воздух.
Со поврзување на процесорот во CAN меморијата на податоци, како на пр.
кај Golf, освен ова ви стојат на располагање и останатите синоними  на комфорот: Автоматското циркулирање на воздухот при активирањето на чистењето на стаклата или вклучување на степенот за возење наназад ги чува патниците од незгодните мириси. Во зависност од брзината и бројот на вртежите на вентилаторот со автоматско подесување на температурата се намалува нивото на бучавата при споро возење.
Понатаму со едноставно притискање на копчето Climatronic ја активира  и функцијата за одмрзнување кога стаклата се замаглени или заледени. При највисокиот степен на работата на вентилаторот и греењето целото струење на воздухот се насочува кон внатрешната страна на стаклата. Ако надворешната температура е поголема од 0 °C, тогаш се вклучува и сушачот на воздухот.
На тој начин Climatronic
од Volksagen се грижи за убавото чувство на патниците, како и за повеќе комфор и сигурност. Со точно поставување на температурата се одржува можноста за концентрација и реагирање на возачот како предуслов за сигурно возење. Покрај тоа  Climatronic спречува патниците да пристигнат до целта заморени и испотени.