Bluetooth создава услови за бежично поврзување на различни преносни уреди како што се мобилни телефони, лаптоп компјутери и PDA. Врската се остварува како радио врска со фрекфенција од 2,4 GHz
(Gigahertz), која може да се искористи во целиот свет без лиценца со количина на трансфер на податоци од еден мегабит по секунда. Силината на предавателот изнесува еден Watt. Со тоа може да се премостат далечини од околу 10 метри, значи доволно да се вмрежат одделните уреди во возилото. Малата јачина на предавателот не користи само за сигурност туку од една страна го спречува прислушкувањето, а од друга е имун на пречките создадени од електромагнетното зрачење. За заштита од прислушкување на преносот на податоци секој
Bluetooth уред добива свој „профил“. Тој профил се состои од нумеричка ознака која гарантира дека во целиот свет постои само една, со помош на која се идентификуваат уредите кои треба меѓусобно да комуницираат. За дополнителна заштита при преносот на податоци се грижи шифра со 128 битен клуч кој при секоја нова постапка на пренос повторно се генерира.