За денешните вообичаени мотори со силен вртежен момент анти блокирачкиот систем (ASR) ви нуди повеќе конфор и сигурност, посебно на различните подлоги. Системот за регулирање на пролизгувањето на погонот ви овозможува постапки на движење и забрзување при секоја брзина без пролизгување на тркалата или странично придвижување.
Овој систем функционира заедно со електронската папуча за гас (E-Gas) и се служи со сензорите на траклата кои му припаѓаат на системот против блокирање на тркалата (ABS).
Доколку на некое погонско тркало се утврди зголемен број на вртежи (пролизгување), системот се вмешува во управувањето на моторот, ја намалува снагата на моторот и го спречува дадениот ефект.
Регулирањето на пролизгувањето на погонот ви овозможува влечност и стабилност во возењето во фазата на забрзувањето при секоја брзина и со тоа ја подржува активната сигурност. Дополнително доаѓа до намалување на абењето на гумите. Дека регулацијата е активна покажува трепкањето на контролната сијаличка во контролната табла, се вклучува и електронската блокада на диференцијалот (EDS) и е составен дел од електронскиот програм за стабилизација (ESP). Деактивирањето на системот за регулирање на пролизгување на погонот е можно преку ESP-Schalter прекинувачот.