технички лексикон: Систем против блокирање на тркалата (ABS)

Систем против блокирање на тркалата (ABS)

фотографија на симболи

Системот против блокирање на тркалата овозможува при нагло кочење под полна сила или на лизгав терен да го спречи блокирањето на тркалата и да ја одржува можноста за управување со возилото.
Блокираните тркала повеќе не можат да ги пренесуваат страничните сили, а возилото е невозможно да се контролира. За да не се случи тоа, ABS-процесорот со помош на сензорот за мерење на вртежите на тркалата го ндгледува движењето  на сите тркала во возилото. Ако некој од нив се закани со блокирање, магнетниот вентил  во управувачката единица на системот против блокирање на тркалата го намалува воздухот за кочење за потребното тркало се додека тој повторно не почне слободно да се движи. После тоа воздухот повторно се зголемува до граница на блокирање. Автомобилот останува стабилен и него можеме да го управуваме.
Кај модерните системи против блокирање на тркалата кој се користат за сите модели на Volkswagen, таа постапка се одвива повеќе пати во секунда. Возачот ја чуствува работата на системот преку лежерното пулсирање на папучата на кочницата. Во подрачјето на  регулирањето, системот против блокирање на тркалата овозможува да го управувате возилото без проблем, без разлика на максималното успорување, за да би се избегнале препреките и сударите.
Offroad-ABS е посебен алгоритам на ABS-процесорот во
Touareg , кој автоматски се активира дури при екстремното користење на теренот (меѓу останатото при брзина помала од 5 km/h и ако средишниот диференцијал е блокиран).
Кај Offroad-ABS тркалата можат накрактко да блокираат, пред системот да го намали воздухот на кочење. Со тоа на подлогата ( на пр. ситни камења или песок) се создава мал клин пред тркалата кој го зголемува делувањето на кочењето. Притоа со Touareg-от сеуште може да се управува со скратена траекторија на кочење.