Passat Alltrack има поголемо растојание од подлогата и нов off-road дизајн.
Во текот на минатите четири декади произведени се преку петнаесет милиони возила Passat . Заедно со своите сестрани квалитети, успехот на овој бестселер кој се продава на сите континенти во светот се должи на широкиот спектар на различни верзии на моделот. Сега Фолксваген ја проширува серијата на модели со уште еден професионалец: Passat Alltrack со погон на четири тркала.
Оваа нова верзија со богата конфигурација го затвора јазот помеѓу конвенционалниот Passat Estate и SUV како што е Тигуан. Причината е следната: многу возачи го користат својот автомобил за влечење, во поедноставни off-road услови, возачи кои сакаат сестран, спортски и многу просторен патнички автомобил со солидни квалитети. Фолксваген ја создаде новата верзија на Passat со погон на четири тркала токму за овие клиенти. Во споредба со познатиот Passat Estate, новиот модел е дефиниран од нови браници во SUV стил – со теренски омоти за калници и прагови.
Неговите поголеми off-road аголни рампи, аголот на пристап, аголот на заминување и повисоко растојание од подлогата го прават новиот Passat одлична алтернатива на SUV за возење по земјен пат.
Двата турбо бензински мотори (TSI) со 118 kW/ 160 КС и 155kW/ 210 КС, и два турбо дизел мотори (TDI) – исто така со директно вбризгување сo 103 kW/ 140 КС и 125 kW/ 170 КС , достапни се кај оваа варијанта на Passat . Двете најмоќни верзии, 170 КС ТDI и 210 КС ТSI имаат стандарден погон на четири тркала и трансмисија со двојна спојка (DSG). За Passat Alltrack со TDI мотор со 140 КС, Фолксваген ќе понуди погон на сите тркала како опција. Ефикасноста на моторите кај новиот Passat функционираат заедно со интелигентниот 4MOTION систем и придвижен преку двата TDI мотори: верзијата со 140 КС има ниска потрошувачка на гориво од 5,7 л/100 км што е еднакво на 150 СО2, додека потрошувачката кај моделот со 170 КС изнесува 5,8 л/ 100 км (152 g/km СО2).
Новата верзија на Passat Alltrack ќе ја има светската премиера на Токио Мотор Шоу што ќе се одржи од трети до единаесетти Декември. Според очекувањата, лансирањето на пазарот би требало да се случи на почетокот од 2012 година.

