Пристигна новиот Volkswagen EOS !!!
Во салонот Volkswagen на Porsche Macedonia поставен е новиот EOS. Целокупниот дизајн на EOS е во склад со дизајнот на Volkswagen кој има јасно изразени хоризонтални линии. Проширено е растојанието меѓу предните светла и истите може да се нарачаат како халогени (Х7) со опција за bi-xenon формат. Во рамки на bi-xenon предните светла поставени се и LED диоди
Volkswagen EOS ќе биде достапен со три турбо TSI мотори со директно вбризгување и еден турбо дизел мотор со директно вбризгување. TSI моторите имаат моќност од 90 kW / 122 КС до 155 kW / 210 КС, додека тивкиот Common Rail TDI има 103 kw или 140 КС. Јасно покажувајќи колку новиот кабриолет купе Volkswagen EOS има намалена потрошувачка докажува 2,0 TDI моторот со Blue Motion технологија и 103 kw / 140 КС кој троши само 4,8 литри на 100 км.

