На презентацијата на ЕУ истражувачкиот проект HAVEit за високо автоматизирани и интелигентни возила, д-р Јурген Леохолд, извршен директор на групацијата Volkswagen за истражување, го претстави "привремениот Авто пилот" од Volkswagen. Авто пилотот е следен од страна на возачот и со него автомобилот може да вози полу-автоматски до 130 километри на час. "Привремениот Авто пилот" е приказ за интегрирањето на системите за помош при возењето кои се користат денес и визијата на целосно автоматско возење.
"Пред сè, она што го постигнавме денес е важна пресвртница на патот кон автоматско возење на автомобил", нагласи Леохолд при презентацијата на проектот HAVEit во шведскиот град Борас.

