- Стартуваше воведувањето на новата Буба на пазарот
- Новите мотори: 1.4 TSI и 1.6 TDI сега можат да се нарачаат
Доколку старата и новата Буба би се изброиле заедно, се добива збир кој го дава најуспешниот автомобили кој некогаш бил направен во светот! Третата генерација на иконата на Фолксваген е поставена на производствената линија во Германија: Буба има два дополнителни мотори кои се достапни кај целосно редизајнираниот автомобил со две врати. Како дополнување на основниот мотор 1.2 TSI со (77 kW/105) КС и најголемиот 2.0 TSI со (147 kW/200 КС) мотор, во новата програма вклучени се и моторите 1.4 TSI (118 kW/160 КС) и 1.6 TDI (77 kW/105 КС).
Фолксваген Буба беше претставена на почетокот на оваа година истовремено во Њујорк, Берлин и Шангај – каде што беше пренесен современиот визуелен концепт на Буба, со своите карактеристични крила, чистите линии на задните светла, заоблената хауба и страничните линии на вратите. Внатрешноста е во боја на каросеријата и потсетува на ерата на оригиналната Буба. Заедно со најбазата верзија, Буба исто така е достапна во "Дизајн" или "Спорт" ниво на опременост. Подоцна ќе биде понудена и верзијата со 2.0 литарски TSI мотор, која забрзува 0-100km / h за 7,5 секунди. Моторот со најефикасна потрошувачка на горивото на Европскиот пазар е 1.6 TDI со 105 КС – тој троши само 4,3 l/100 km.
Воведувањето на Буба на пазарот најпрво ќе случи во САД и во Германија, а во следните неколку недели и во повеќето европски земји. Основниот модел чини 16.950 € исто така на располагање се моделите со ознаките Käfer, Vocho или Maggiolino - и чинат за 1750 евра помалку во споредба со претходниот модел.

