Volkswagen освои најмногу награди за најкреативни реклами во Кан
- Брендот Volkswagen беше награден со вкупно 34 статуетки, познатиот Кански ЛАВ.
- "Силата" ТВ реклама за новиот Passat освои три награди.
Volkswagen освои најголем дел од наградите на 58-то издание на најпрестижниот светски фестивал за креативни реклами - "Меѓународниот фестивал на креативноста" во Кан. Повеќе од било кога досега најголемиот производител на автомобили во Европа освои вкупно 34 статуетки. Volkswagen ја освои престижната награда "Титаниум Лав" за кампањата “Think Blue“ поврзана со иницијативата за одржување на животната средина. Рекламата "Силата" е исклучително успешна телевизиска реклама за новиот Passat, таа е добитник на три награди - два златни и еден бронзен лав.
"Ова е неверојатен успех, ние сме многу горди бидејќи наградите оддаваат признание на нашата работа. Овие 34 награди се резултат на нашата посветеност кон иновации и креативност во сите области ", изјави Лука де Мео, Маркетинг директор за Volkswagen патнички возила.
Покрај ""Титаниум Лав" Volkswagen освои вкупно осум статуетки "Златен Лав" и 14 статуетки „Сребрен Лав“. Останатите рекламите за автомобили исто така беа наградени со единаесет бронзени статуетки. Креативноста во кампањите на Volkswagen беше наградена во целиот свет од САД преку Австралија и Нов Зеланд до Германија, Холандија, Шведска, Норвешка, Англија, Кина, Аргентина и Бразил.
Лука Де Мео изјави: "Ова покажува дека Volkswagen има глобален успех и поставува многу високи стандарди. Тоа може да се случи само во соработка со силни партнери, затоа им благодариме до сите агенции кои направија брилијантна работа при остварување на нашите идеи".
Особено креативни беа кампањите "Лотарија, Камера на брзината" за Volkswagen од Шведска потоа иницијативата "Think Blue." која освои "Титаниум Лав“ награда која се доделена за прв пат оваа година и ТВ рекламата „Силата" за новиот Passat, која беше снимена во САД и во која глуми мини Дарт Вејдер. Оваа реклама постави рекорд на YouTube беше гледана повеќе од 40 милиони пати, а во КАН освои два златни и еден бронзен лав.

