Светска премиера: Новиот Touareg ја носи SUV идејата во иднината
Touareg дебитира со хибриден погон и голем избор на високо технолошки мотори
Volkswagen SUV е 208 килограми полесен и 20% поефикасен во однос на потрошувачката
Volkswagen го претстави комплетно редизајнираниот Touareg. Тој е технолошки најиновативниот модел на Volkswagen од основањето до денес. Овој Touareg повторно ја интерпретира мултифункционалноста на SUV идејата на современ начин – благодарејќи на големиот избор на мотори што се 20% поефикасни во однос на потрошувачката и големата понуда на безбедносни и помошни системи. Touareg ќе биде првиот и единствен теренец во Европа којшто е произведен во Германија, а е достапен и во хибридна верзија. Тој ги поставува стандардите во категоријата теренци со бензински мотор кој има потрошувачка од само 8.2 литри на 100 километри. Touareg Hybrid може да забрза до 50 километри на час во електричен мод – без емисии. Од дизел моторите, Touareg V 6 TDI со комбинирана потрошувачка од 7.4 литри сега ја има најдобрата вредност во SUV сегментот. Двете верзии, Touareg Hybrid и V 6 TDI , се најефикасните SUV автомобили во Европа во класата големи автомобили.
Нова ера на SUV – полесни, аеродинамични и поефикасни
Постигнатиот успех со Tiguan , го мотивираше Volkswagen систематски да ја обезбеди стабилноста и на новиот Touareg . Првиот услов беше исполнет: овој SUV е полесен за 208 килограми во основната верзија! Ова е голем исчекор напред. Но сепак, каросеријата е за 5% поголема, што го прави Touareg лидер во оваа класа. Исто така и вториот услов беше исполнет: дизајнерите успеаа значајно да го подобрат моделот. Со огромните напори за подобрување на аеродинамичноста, се доби возило коешто е поблиску до патот од претходниот модел. Новиот дизајн на предната маска во стил на новиот DNA изглед на Volkswagen , резултираше со помал преден дел. Третиот услов: сите мотори, коишто сега се нудат со 8 степен автоматски менувач што претставува премиерна опција во овој сегмент, ја демонстрираат значајноста на заштедите во потрошувачката во однос на претходниот модел, во одредени случаи предноста е поголема од 2 литри на 100 километри.
SUV за сите патеки – Погон на сите тркала во две верзии
Во потрагата по намалена потрошувачка, промени беа имплементирани и во погонот на сите тркала. Во основната верзија ( 4 Motrion ) , сите возила од новата генерација на Touareg имаат погон на сите тркала со ограничен диференцијал ( 4 Motion , способност за искачување нагорнини од 31 степен). Како и Tiguan Track & Field, така и Touareg има “Off-road програма”, којашто со едно копче активира ABS, EDS и ASR за теренската должност, асистенција за искачување нагорнини и го прилагодува менувањето на брзините. Наместо Torsen диференцијал, V 6 TDI може да се нарача со опционален “ Terrain Tech пакет ” којшто има и поцврст пренос дизајниран за теренска должност. Слично како првата генерација на Touareg , оваа верзија има ротационен прекинувач којшто му служи на возачот да го адаптира возилото на неколкуте нивоа: 1. ” On Road ” , 2. “ Off - road ” , Low ( како Off - road програмата, плус активација на намаленото менување на брзини, поголеми точки на менување на брзините ), 4. Додаток на цетнралниот диференција, 5. Додаток на задниот диференција. Вака опремен, Touareg може да го освои било кој терен на планетата.
SUV за секојдневно возење – повеќе простор, повеќе иновации
Не само што го направија новиот Touareg полесен, Volkswagen е сега поефикасен и поагилен; а исто така сега е и повеќе наменско возило. Новиот ентериер е пофукнционален, седиштата покомфорни, а просторот за патниците во задниот дел поголем. Сега задната клупа има 160 милиметри простор за подесување, а и просторот за одмор на задната клупа исто така може да се подеси. Електрично регулираната опција за автоматско спуштање на задната клупа со притискање на само едно копче, ослободува 1.642 литри во багажниот простор. Стандардна опрема во основната верзија е радио-ЦД и информативен систем, којшто се контролира преку 6.5 инчниот екран осетлив на допир.
Рачната кочница сега се активира со притискање на копче. Моторите во V 6 изведба автоматски се исклучува при чекање на семафор, и се активира штом се отпушти кочницата (систем Start Stop ) . Како опција може да се одбере автоматско отворање и затворање на врата од багажникот, интегрирано во клучот на автомобилот. Најголемиот панорамскски покрив од сите возила во категоријата SUV обезбедува големо ниво на дневна светлина. Иновативниот “ Area View ” вклучува четири камери коишто ја детектираат околината на Touareg и со тоа ја зголемуваат безбедноста. Безбедноста ја зголемуваат и 9-те воздушни перничиња. За да остане на вистинскиот пат постои опцијата Lane assist , а опцијата Side assist го известува возачот за коли во близина при менување на ленти. Опцијата Adaptive Cruise Control ( ACC ) со интегрирана фронтална асистенција може целосно да го запре возилото во итен случај и да ги затегне безбедносните појаси како превентивна мерка. Bi - Xenon светлата со Dynamic Light Assist го детектира моменталниот сообраќај и го прилагодува снопот на светла на условите на патот. За прв пат, во Touareg ќе има специјални опции со назнаката Exclusive понудени од страна на Volkswagen Individual. Опциите вклучуваат 19 инчни алуминиумски фелни (тип Girona), дрвени прегради (Olive Ash) и кожен ентериер (Nappa) во две комбинации “Dark Burgundy / Titan Black” или пак “Pepper Beige / Titan Black”.
Touareg – најдоброто од двата света
Околу 500,000 возачи ја одбраа првата генерација на овoj SUV . Touareg претставува луксузно спортско возило коешто нуди високо ниво на комфор, спортски карактеристики – всушност тој го вклучува најдоброто од патничкиот и теренскиот сегмент во еден концепт. Оваа филозофија доследно се примени на новиот Touareg – сенаменско возило со одлична финална обработка коешто ги искомбинира двата света на перфектен начин. Touareg ќе биде достапен во дилерските салони во Април.

