Оваа награда со голема репутација беше предадена на проф. Д-р Мартин Винтеркорн на церемонијата во Волфсбург. Новото Polo официјално беше крунисано со титулата кола на годината за 2010.
Во говорот на доделувањето, проф. Д-р Мартин Винтеркорн, претседателот на бордот на директори на Volkswagen AG, им даде голема заслуга на вработените: “Потребен е голем тим за да се изградат победници како Polo. Горд сум што групацијата Volkswagen има силно мотивиран тим што го создаде новото Polo со најнапредна технологија, висок квалитет и безбедност достапна за секого.”

