Новиот Volkswagen up! - Мал Volkswagen со голем потенцијал.
- up! нуди максимален простор и врвна функционалност со димензии 3,54 метри должина и 1,64 метри ширина.
- up! дебитира како прв автомобил во својата класа со системот City Emergency Braking или сопирање во вонредни ситуации при градско возење.
Volkswagen ја прецртува мапата на мали автомобили во светот. Целта: да се развие еден мал автомобил со харизма, со максимален простор и минимална големина, мал автомобил со најефикасна потрошувачка на горивото или со мотори на електричен погон, со интуитивен оперативни системи, мал автомобил со безбедност на голем. Резултатот е новиот up! Автомобилот е долг 3,54 метри, пресметан е до последен детал и е специјалист за секојдневно урбаното живеење. Овој автомобил - како и поголемото POLO и уште поголемиот GOLF - ќе ги привлече луѓето од сите возрасти со различни мобилни желби.
Лансирање во декември. up! Прво ќе биде лансиран на Европскиот пазарот. Се започнува во декември. Направени се 3 верзии за различни буџети и потреби: take up! основно ниво на автомобилот, move up! Комфорна варијанта и high up! Највисокото ниво на опременост. При самото претставување возилото ќе има и два независни модели кои ќе бидат направени врз база high up! the up! black и the up! white.
Нова генерација на мотори.
4.2 литри на 100 км бензински мотор. Нова генерација на три цилиндричен бензински мотор кој за првпат ќе биде вграден во up!. Со 44 kW / 60 КС и 55 kW / 75 КС. Комбинирана потрошувачка на бензин како и BlueMotion технологија вклучувајќи го и старт / стоп системот. 4.2 l/100 km (60 КС) и 4.3 l/100 km (75 КС). И двата едно литарски мотори емитуваат помалку од 100 g/km CO2. Следуваат моторите на природен гас со 50 kW / 68 КС кои ја имаат истата конфигурација. Комбинираната потрошувачка изнесува 3.2 /100 km природен гас што е еднакво на емисија од 86 g/km на CO2. До 2013 Volkswagen има дефинирано план за производство на UP! со електричен погон.
Првиот мал автомобил со City Emergency Braking
Автоматско Застанување. Значајна нова технологија воведена преку системот City Emergency Braking. Системот автоматски се вклучува при брзини помали од 30 km/h и употребува ласерски сензор кој детектира заканувачка колизија. Зависно од брзината со која се движи возилото и состојбата во сообраќајот, City Emergency Braking со автоматските интервенции на сопирачките може да го намали или да се избегне ударот. Засега up! е единствен автомобил кој се нуди со сопирачка функција во вонредни состојби при градско возење.
Димензиониран и стилизиран за светските метрополи.
Екстремно големо меѓуоскино растојание. Со 3.54 метри должина и 1.64 метри ширина е еден од најмалите автомобили со четири седишта. Овој автомобил на Volkswagen е 1,48 метри висок. Може да се забележи дека краткото тело, но големо меѓуоскино растојание од 2,42 метри. Клаус Бишхоф шефот за дизајн за брендот Volkswagen изјави – „ Ако целта е да се зголеми просторот, идеална форма за еден мал автомобил ќе биде правоаголна кутија. Ние успеавме да направиме такови автомобил со чист и моќен дизајн, кој не ја губи просторната практичност. Предницата е дизајнирана како вистински Volkswagen, но во исто време има независен изглед“.
Безкомпромисно добро искористен внатрешен простор
Мал гигант. Во основа внатрешноста UP! има многу чиста и добро организирана внатрешност. Новиот Volkswagen исто така нуди бројни паметни, подобрени решенија, со забавен изглед и високо ниво на квалитет што ќе го засили пазарниот сегмент.up! Кутии мали нешта што прават голема разлика.
Создаваните на up! се прашаа себе си дали секојдневниот живот со автомобил треба да биде структуриран на поедноставен и попријателски начин. Категорично ДА беше нивниот одговор. Бидејќи често малите нешта прават голема разлика. Тоа беше основаната идеа при создавањето на up! Кутиите. Малите лесни кутии имаат широк спектар на работи кои се користат за различни ситуации и потреби.
maps + more - Пренослив информативно - забавен уред
Мобилни информации. За прв пат во Volkswagen maps + more систем ќе биде понуден Portable Infotainment Device (PID). Тоа е систем кој еднакво економичен и развиен за да на едно ги организира навигацијата, телефонот, информативните и забавните содржини. Преку соработка во Navigon, водечка компанија во светот која овозможува навигациони системи и специјални решенија се изработени по мерка на up! и се достапни за сите клиенти. Возачот лесно може да го постави PID системот над централната конзола. За разлика од други системи од овој тип, системот многу подобро ги комбинира мрежите. Овој систем може да се контролира преку екран осетлив на допир на кој се гледаат значајните информации за автомобилот како на пример визуелниот екран Park Pilot (кој ја контролира оддалеченоста од другите возила. Апликациите со збогатени мапи специјално направени за up! им овозможуваат на возачите да ги задоволат нивните специфични потреби.

