Светски премиери на повеќе од шест нови мали семејни концепти.
Светската премиера на up! на саемот во Франкфурт не се однесува само на еден модел. Поточно станува збор не само за светска премиера на возило со две врати, туку up! го означува почетокот на цела серија на возила: Новите мали семејни возила. На саемот во Франкфурт, Volkswagen покажува како ова семејството мали автомобили може да се развива во наредните години со повеќе од 6 возбудливи концепти.
E-up! - нула емисии на штетни гасови, градски специјалист со e-drive, моделот ќе биде лансиран во 2013 година.

