Volkswagen на саемот во Франкфурт: up!солутно иновативен
- Светска премиера на Volkswagen up! на саемот за автомобили во Франкфурт
- Најголема флота на тест возила - 74 модели.
- 54 модели на автомобили на 8893 m² изложбен простор.
На отворањето на 64-иот Интернационален Саем за Автомобили во Франкфурт на 15 септември, брендот Volkswagen ќе биде застапен на околу 9000 m² изложбен простор во Халата број 3. Брендот ќе изложи 54 возила, а ќе се одржат и бројни технички изложби. Вниманието ќе биде свртено кон светската премиера на новиот, мал автомобил наречен up!, иновативните студии, и 30-метарскиот “Иновативен ѕид” кој претставува гигантски дисплеј осетлив на допир. Посетителите ќе можат да уживаат во тест возењето на флота од 74 возила, вклучувајќи 9 Golf blue-emotion автомобили со електрично напојување.
“Иновативноста и емоционалноста на Volkswagen брендот ќе бидат потенцирани на саемот во Франкфурт, изјави Tillmann Stauske, менаџер за саеми и конгреси на Volkswagen. Изградбата на штандот е моментално во круцијалната фаза, а планирањето на истата започна уште пред 10 месеци. Тим од 1000 луѓе е ангажиран да ја претвори замислата на архитектите во реалност во период од 25 дена.
Volkswagen ќе изложи 54 возила на штандот во форма на облак кој зафаќа површина од 8893 m². Главна атракција ќе биде новиот up!, модел кој ќе има свој мултимедијален простор. Останатите модели ќе се појават на блескавата бела писта - “carwalk” која се вкрстува со штандот. Присутен ќе биде и DJ кој ќе настапи на изложбениот простор (500 m²) наменет за Volkswagen Beetle и дизајниран со цел да се постигне лежерна атмосфера. Новите модели Golf Cabriolet и Tiguan ќе бидат презентирани на саемот, со што посетителите ќе имаат можност одблиску да ги запознаат.
Вкупно 228 хостеси и 80 вработени во Volkswagen ќе се грижат за посетителите на саемот во Франкфурт, при тест возењето и на теренската патека. “Volkswagen ја има најголемата флота на тест возила, вкупно 74 автомобили поставени надвор од Хала 3. Тоа значи дека нашите гости ќе можат да ја доживеат комплетната гама Volkswagen возила, од Polo и Golf blue-e-motion, па се до Touareg Hybrid,” изјави Stauske.

