На почетокот на 2012 година се ќе биде веќе подготвено: Последната технологија за ефикасност од Фолксваген, со цилиндри кои се исклучуваат, ќе дебитира со новиот 1.4 TSI мотор. Ова е уште еден голем чекор за Фолксваген во контекст на заштедата на гориво кај своите модели.
Фолксваген е првиот производител во светот кој ќе ја вгради оваа технологија на исклучување на цилиндрите кај четирицилиндарски TSI мотор наменет за широка потрошувачка. Основната цел на овој високо технолошки систем е значително намалување на потрошувачката на гориво преку привремено исклучување на два од четирите цилиндри при мали до средни оптоварувања. Всушност, исклучувањето ја намалува потрошувачката на гориво кај 1.4 TSI од 0.4 литри на 100 km со новиот европски циклус на возење NEDC.
Кога пак ова е комбинирано со Старт/Стоп системот, кој го исклучува моторот кога е во лер, ефектот на штедење изнесува околу 0,6 литри на 100km.
Најголемите придобивки од оваа исклучителна технологија доаѓаат до израз кога се вози со постојана, умерена брзина. На 50 km/h, во трет или четврт степен на пренос, заштедата изнесува речиси еден цел литар на 100 km. Овој нов штедлив TSI мотор без проблем ќе ги исполни идните EU6 стандарди. Високата штедливост пак, не влијае на комфорот при возењето: дури и кога работат само два цилиндари, 1.4 TSI – со одличната балансираност на моторот - тој сè уште многу тивок и речиси без вибрации.
Исклучувањето на цилиндрите е активно секогаш кога бројот вртежи во минута на 1.4 TSI моторот е помеѓу 1.400 и 4.000, a вртежниот момент помеѓу 25 и 75 Nm. Ова е апликативно кај близу 70 проценти дестинации. Во моментот кога возачот ќе притисне доволно силно на педалата за гас, цилиндрите 2 и 3 се реактивираат незабележително. Фолксваген користи информации од сензорот на педалата за гас преку кој го открива начинот на кој возачот вози. Доколку открие невообичаено возење, на пример при возење во густ сообраќај или при спортско возење на не асфалтиран пат, исклучувањето нема да се активира.

