Во неделата 23 октомври во салонот на Volkswagen, познат по прекрасниот простор со врвен архитектонски дизајн во кој совршено се вклопија моделите на дизајнерите Олгица Георгиева, Нели Илиева и Ненад Секирарски гламурозно беше затворено четвртото издание на манифестацијата Модна недела Скопје, во организација на „Модна недела корпорација“, на кој беа претставени новите колекции на повеќе македонски дизајнери за сезоната есен-зима 2011/2012.
28.10.2011
Порше Македонија преку брендот Volkswagen повторно го подржа најголемиот моден настан
Новина на Модната недела беше проектот „Моден бизнис“, кој здружи 11 дизајнери и 11 дами од бизнисот и културата, па така на модната писта се појавија Ѕвездана Ангелова, Софија Куновска, Лилјана Поповска, Снежана Јаначкова-Богданова и др.
Со децении Volkswagen е дефиниција за стил, дизајн и софистицираност и токму затоа врската меѓу Volkswagen и модата е една природна синергија и причина да Volkswagen ги подржува дизајнерските настани ширум светот.

