Polo е светски автомобил на годината
Втора победа по ред за брендот Volkswagen
На интернационалниот саем за автомобили што се одржа во Њујорк, Polo беше прогласено за светски автомобил за 2010 година. Вредност, безбедност, околина, значајност и емоционална привлечност се критериумите за избор на возило на годината. Во 2009-та година, Volkswagen Golf ја понесе оваа титула. Оваа година конкуренти за светски автомобил на годината беа (по азбучен ред), Mercedes-Benz E-Class, Toyota Prius и Volkswagen Polo.
“Горди сме што Volkswagen Polo е избрано од страна на веќе докажана група на судии” – рече проф. Д-р Мартин Винтеркорн, претседателот на управниот одбор на Volkswagen AG. “По големиот триумф на Golf минатата годна, задоволни сме што го повторивме овој успех со новото Polo. Овие автомобили веќе освоија многубројни награди, практично се што автомобилската индустрија може да награди. Ова покажува дека Volkswagen е на вистинскиот пат, и нуди убедливо најдобра гама на производи во својата историја”
Наградата беше врачена во Њујорк, а ја прими Валтер де Силва, директорот за дизајн на Групацијата Volkswagen. “Новата генерација на Volkswagen Polo фасцинира во секој правец – со неговиот едноставен, уникатен и безвремен дизајн, како и со неговата ефикасност. Досега 230,000 клиенти во светот имаат нарачано Polo од новата генерација”

