CC има нова форма и иновативна асистенција за промена на лента
Системот за откривање на замор и Bi-Xenon предни светла се стандард
Фолксваген CC со своето деби пред четири години беше првото купе со четири врати во ценовна категорија од 30.000 до 40.000 евра. Од своето појавување, новиот сегмент брзо се развиваше - денес 270.000 луѓе во светот го имаат овој седан со стилски линии на спортски автомобил. Тоа се возачи кои сакаат купе со шарм, но исто така и простор за најмалку 4 лица со 4 врати. Сега, Фолксваген ја презентира технички и визуелно модернизираната верзија на популарното бизнис возило.
Со нов преден и заден дел, новиот совршен Фолксваген CC прави уште похрабри чекори кон автомобилската луксузна класа. Со проширувањето на бројот на стандардни карактеристики овој модел стана уште поексклузивен; сега вклучува нови Bi-Xenon фарови, статични аголни светла и LED светла со нов дизајн. Исто така, стандард е системот за откривање замор, радио и CD системот RCD 310, челик што не рѓосува на прагот и безбедност за главата со дополнителни прилагодувања на предните седишта.
Новите системи за помош се унапредени кај новиот CC автомобил. Вклучени се технологии како опција, асистенција за промена на лента во кој е вклучена и асистенцијата за возење во лента (предупредува за слепите точки на возилото и му помага на возачот да избегне несреќа преку интервенција со управувачот). Динамичка светлосна асистенција (автоматска светлосна контрола) е новитет кај Фолксваген, како и камерата која ги детектира сообраќајните знаци. Во меѓувреме, удобноста е оптимизирана со климатизирани седишта и интегриран систем за масажа.
Фолксваген CC ќе биде придвижуван од иновативни бензински и дизел мотори со директно вбризгување. Сите дизел (TDI) мотори стандардно се опремени со Старт /Стоп системот и акумулатор кој се регенерира (преку енергијата на сопирањето). Сите бензински мотори, исто така, имаат акумулатор кој се регенерира. TDI моторите имаат 103 kW / 140 КС и 125 kW / 170 КС. Бензинските мотори кај Европските CC верзии имаат моќност од 118 kW / 160 КС, 155 kW / 210 КС и 220 kW / 300 КС.
Во САД, Фолксваген повторно ќе лансира бензински мотори со 147 kW / 200 КС (TSI) и 206 kW / 280 КС (FSI). Сите мотори работат со одлична ефикасност. Одличен пример е TDI моторот со140 КС кој заедно со шест – степен менувач има комбинираната потрошувачка на гориво од само 4,7 l/100 km со емисија на CO2 од 125 g/km.
Новиот Фолксваген CC ќе биде покажан пред јавноста со светската премиерата на саемот за автомобили во Лос Анџелес (18-27 ноември). Пазарното лансирање ќе започне набрзо потоа. Фолксваген прво ќе го понуди новиот CC во Германија во февруари 2012 година, а потоа низ Европа, Америка, Русија, Кина (каде локалната верзија ќе се појави во 2013 година) и сите други важни продажни региони за ова возило.

