Специјалистот за град up! е севкупен победник
На Volkswagen му беше доделено најпознатото и најзначајното признание во автомобилскиот свет, прво место за новиот Volkswagen up!. Наградата "What Car? автомобил на година за 2012 " за специјалистот за градско возење, up! е прогласен за автомобил на годината, што значи дека Volkswagen ги освои главните награди во сите категории. Изборот се одржува секоја година а оценките ги дава уредничкиот тим на британскиот автомобилски магазин "What Car?". Оваа година, жирито составено од експерти оценуваа вкупно 92 возила во 13 категории. Групацијата Volkswagen, оствари одличен успех, освојувајќи седум први места во 13 категории. Конечно, севкупниот победник беше избран од најдобрите во поединечните категории – оваа година победник е Volkswagen up!
Брендот Volkswagen патнички возила ги освои првите места во четири категории. Севкупниот победник, Volkswagen up! според оценките на жирито. беше прогласен за најдобар градски автомобил “City Car”.
Благодарение на освоените пет ѕвезди на EuroNCAP тестот и опцијата за итно сопирање во градски услови „City Emergency Braking“, Volkswagen up! исто така ја освои наградата за безбедност “Safety Award”. Исто како во 2011 – кога и по шести пат - Golf победи во класата на "мали семејни автомобили "
Volkswagen беше најуспешен автомобилски бренд на "What Car?. Со наградите во 2012 година и Volkswagen сега е најуспешен производител во 35 годишната историја на наградите: тука се четирите генерации на голф (I, II, III и V) и третата генерација на Polo кои исто така беа севкупни победници. За британските возачи, оценките на "What Car? се важен критериуми при одлуката за купување нов автомобил.

