Volkswagen, Музејот на современата уметност MOMA и PS1 потпишаа договор преку кој започнаа широко партнерство
Веста за повеќегодишна соработка беше соопштена во Њу Јорк.
Volkswagen, Музејот на Модерна уметност MOMA и PS1 се согласија за широко повеќегодишно партнерство. Фокусот се става на стратешкото партнерство кое беше соопштено во Њу Јорк, проектот е со работен наслов “International Discovery“ или "Меѓународно Откритие", развојот на современа меѓународна ликовна изложба.
Дополнителни столбови на партнерството се продолжување на образованието, преку онлајн програмата на МОМА, донација на две дела од Францис Алис и спонзорство на серија инсталации во градината Абби Олдрих Рокфелер.
Оваа соработка со Volkswagen е прво партнерство помеѓу престижните Њујоркшки културни институции и водечката меѓународна корпорација.
Иновации кои се широко достапни и преземање на одговорноста за животната средина и општеството се основните корпоративни вредности во Volkswagen.Компанијата промовира акции во сите сфери на животот преку Think Blue иницијативата. Соработка на Volkswagen со МОМА го одразува тоа.
"Уметниците ни даваат храна за размислување и ни овозможуваат да го погледнеме светот од поинаков агол. MOMA е една од водечките институции во светот во областа на современата уметност. Преку убедувачката експертиза и својата образовна мисија, МОМА е наш партнер. Ова партнерство ја изразува нашата корпоративна обврска во преземање одговорност за животната средина и за општеството ", рече Д-р Мартин Винтеркорн, извршен директор на Volkswagen при опишување на ова културно партнерство.

