Jay Leno, најголемата американска ТВ ѕвезда и колекционер на автомобили беше еден од првите кој ја тестираше новата Буба за време на неговата посета на централата на Volkswagen во Wolfsburg.
Поради неговите обврски, Jay Leno ретко патува надвор од Америка, но не ја одби поканата да ја тестира новата Буба една недела пред лансирањето во Берлин.
Leno изјави: „Да се биде на местото каде што се дизајнираат и создаваат автомобилите ни кажува многу за автомобилот и за луѓето кои го креираат. Германија е родното место на автомобилите, така што специјално е чувството да се биде тука“
Пред да ја проба новата Буба на Leno му беа дадени клучеви од модел на Буба од 1938 година, еден од најстарите модели кои постојат. Возењето беше откровение.
„Автомобилот има само 24,5 КС, но агилен е и навистина возењето ми беше многу забавно, не се чувствува дека автомобилот е 73 години стар. Од многу аспекти овој модел е многу современ“ – изјави Leno.
Верзијата што Leno ја возеше има 2.0 турбо мотор, со 200 KS. Десет пати повеќе моќ од моделот од 1938 година и двојно поголем капацитет.
Откако ја проба новата Буба Leno изјави: „Возењето е она што го очекуваме од модерен Volkswagen. Ниту една Буба не оди како оваа! Буба е еден од најпопуларните модели на сите времиња. Возбудливо е што овој модел се уште се произведува.“

