Иновативната функција за сопирање во итни случаи при градски услови ги импресионираше експертите
Најмалиот автомобил на Volkswagen продолжува уште подобро: сеопфатниот безбедносен концепт на up! веќе освои пет ѕвезди од Euro NCAP. Дополнително функција за сопирање во итни случаи при градски услови која ја има up! ја освои напредната награда за 2012 година. Оваа награда, започна да се доделува во 2010 година, а исто така се доделува од страна на независна европска организација за заштита на потрошувачи Euro NCAP.
Најдобар рејтинг во својата класа имаше up!. Во случај на несреќа, и деца и возрасните се одлично заштитени. Придонес кон резултатите дава бескомпромисниот безбедносен систем за сопирање во итни случаи при градски услови, кој се нуди како опција. Овој систем автоматски се активира на брзини помеѓу 5 и 30 km / h, и користи ласерски сензор (интегриран во горниот дел на ветробранското стакло) кој до 10 метри го скенира просторот пред возилото и го утврдува ризикот од можен судир.
Системот за сопирање во итни случаи може да ја намали жестината на ударот со автоматска интервенција при сопирањето или потенцијално избегнување на судирот. Денес, up! е единствен автомобил во својот сегмент кои е опремен со системот за сопирање во итни случаи при градски услови.
Најмалиот автомобил на Volkswagen веќе го освои првото место за издржливост од страна на германскиот федерален транспортен сојуз. Volkswagen up! се нуди со два мотори (44 kW / 60 КС и 55 kW / 75 КС) и пет нивоа на опрема (take up!, move up!, high up!, black up!, white up!).

