Одбележан денот на Volkswagen Буба
Караван од над 30 олдтајмери низ улиците на Скопје
Во неделата 19.06.2011, во Скопје беше одбележана 77 годишнината од производството на култниот модел на Volkswagen: Буба - симболот мирот, слободата и љубовта, модел со кој растеа и живеа голем број генерации.
Синхронизирано, речиси истовремено со сите Светски метрополи и Скопје се приклучи кон глобалната прослава.
Благодарение на Буба клубот Македонија во соработка со Porsche Македонија генерален застапник за брендот Фолксваген беше организиран караван со триесетина Буби чии горди сопственици од сите креви на државата го разубавија топлото неделно попладне во градот Скопје. Случајните минувачи беа воодушевени од убавата слика што ја создаваше колоната на олдтајмери, тие постојано ги поздравуваа и ги фотографираа автомобилите.
На почеток на парадата возеа двата најстари модели на Volkswagen Буба од 1967 година стари точно 44 години, следуваа моделите од седумдесеттите. Последни во караванот беа и две Буби во кабриолет изведба.
Добро средените олд-тајмери уште еднаш потсетија на издржливоста, квалитетот, беспрекорната изработка и безвремениот дизајн на автомобилите од брендот Volkswagen.
Добрата вест е што за многу кратко време на македодскиот пазар ќе биде достапна ,,бубачката на XXI-от век,, т.е најновата генерација на Volkswagen Буба.

