Буба Volkswagen е еден од добитниците на оскар за индустриски дизајн на манифестацијата Good Design која што се одржа во Чикаго. Најдобрите светски дизајни за 2011 беа прогласени во музејот за архитектура и дизајн во Чикаго и Европскиот центар за арт дизајн и урбана наука.
Бројни водечки производители, корпорации, студија за индустриски дизајн, архитекти, графички и продукт дизајнери од над 50 земји во светот, со своите најдобри дела се натпреваруваа за "Оскарот" за индустриски дизајн – престижната награда на Good Design.

