Volkswagen официјално започна со производството на новата Буба, во фабриката во Puebla во Мексико.
“Буба e еден од најсилните симболи на брендот. Таа го комбинира емоционалното наследство на оригиналната Буба со иднината на Volkswagen” изјави Hubert Waltl. “Истовремено, новата Буба и новата фабрика за мотори која ја градиме во Silao ја истакнуваат нашата доверба во Мексико како локација за производство на автомобили. Како еден од главните производни погони, Volkswagen de México е главната компанија на која се потпира нашата развојна стратегија за пазарот на Северна Америка”
Буба бележи голем успех во САД. На овој пазар, иконата од Wolfsburg се продаде во повеќе од пет милиони примероци помеѓу 1949 и 1981 година. Од 1997 до 2010 година САД ја зафати Буба манија, период во кој се продадоа 1,15 милиони возила. Најновиот модел на Буба ја доживеа премиерата во април оваа година и ќе биде достапен наесен.
Фабриката во Puebla е најголемиот производен комплекс во Мексико и една од најголемите фабрики за производство на возила на Volkswagen. Овој производствен комплекс ја снабдува Северна и Јужна Америка и Европа со новата Jetta. Само во оваа фабрика се произведуваат моделите Golf Variant и Буба за сите пазари. Во 2010 година, фабриката произведе околу 435,000 возила, а преку производството на мотори го снабдува и американскиот пазар. Volkswagen de México вработува повеќе од 15,000 луѓе, со што е еден од најголемите работодавачи во Мексико.

